Тие ја завија 2018 во црно: Влатко Илиевски, Канго, Ванчо Петрушевски - годинава заминаа овие легенди

 

2018. година веќе изминува, а пред прагот ни е 2019.

За жал, покрај убавите нешта, 2018 ќе ја паметиме и по трагедии кои не се забораваат.

Вчера почина ден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов. Играл во повеќе театарски претстави, „Јане Задрогаз“, „Болва в уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници„, „Мајка“, „Грдиот Нарцис“, „Војцек“, „Тигар“, „Подбивна среќо моја“, „Зојкиниот стан“, „Татко“, „Собирен центар“, „Самоубиец“, „Од првиот здив“, „Вазна од порцелан“.

Оваа година згасна животот на младиот пејач Влатко Илиевски, а веста ја шокираше македонската јавност.

Оваа година ја зави во црно и веста за смртта на Ванчо Петрушевски, актерската легенда. Тој почина на 67-годишна возраст од  струен удар.

Годинава почина и доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски. Меѓу спортски работници Давидовски беше познат по прекарот „Мајка“, а почина на 88. годишна возраст.

Почина и Александар Дворчанец, вокалниот солист и изведувач на усна армоника на култната македонска група „Crossroad Blues band“, кои го отворија и годинешниов „Blues & Soul Festival 2018“.

За жал, почина и македонскиот рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго во март. Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2018 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега