ФОТО: Ременски и Шекеринска во униформи и шлемови во Кабул

 

Пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска се во Кабул, меѓу припадниците на македонските воени сили. Ременски на социјалните мрежи сподели фотографии и впечатоци од средбата со војниците и им посака среќа и успех.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска посетата на македонскиот контингент во Авганистан ја заврши со неформална средба  со припадниците на АРМ на аеродромот во Кабул.

„На сите средби со раководството на мисијата „Одлучна поддршка“, ми беше пренесена една порака – дека тоа што вас ве карактеризира се вашата посветеност, вашите вештини и способности. Денеска сите треба да сме горди, и јас како министерка што ги слушнав овие пофални зборови за нашата Армија, и вие како наши претставници заслужни за тоа. Бидете сигурни дека вашиот успех во мисијата на НАТО е видлив и почитуван, тоа е успех за Македонија. Седнувањето на Македонија на масата каде Алијансата ги носи одлуките е ваша најголема заслуга и најголем придонес“, рече министерката Шеќеринска на средбата.

 
 
 
View this post on Instagram

#Kabul

A post shared by Frosina Remenski  (@frosinaremenski) on Nov 25, 2018 at 3:04am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега