Инспекторите на ОН ќе се вратат во Сирија

Утре инспекторите на ОН повторно заминуваат во Сирија.

- Инспекторите на ОН утре повторно заминуваат за Дамаск, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој изрази задоволство што „биле слушнати повиците на Москва“ за повторно враќање на меѓународните инспектори во Сирија и посета на местата на кои се тврди дека било употребено хемиско оружје.

Рјабков истакна дека се нелогични обидите да се поттикне Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за Сирија со која би се предвидувало употреба на сила, јави ИТАР-ТАСС.

- Немаме намера да ги повторуваме грешките. Лекцијата со Либија е научена многу добро, нагласи Рјабков во рускиот Парламент. 

 

24.09.2013 - 12:05

најчитано сега