„Политико Европа“: Во бегството на Груевски помогнаа и унгарски разузнавачи
Унгарскиот весник „Политико Европа“ објави дека при бегството на поранешниот премиер Никола Груевски низ балканската рута до Унгарија му помогнале разузнавачи.
- Унгарски разузнавачки служби имале свое учество во конструкцијата на бегството, Груевски беше премиер на Македонија до 2016-та, а овој месец требаше да се јави на издржување на двегодишна затворска кана пред одеднаш да се појави во Будимпешта - вели весникот, кој се повикува на двајца познавачи на ситуацијата во тајните служби.
Унгарските власти досега признаа дека унгарски дипломати го спровеле Груевски до Будимпешта откако побарал азил во унгарската амбасада во Тирана, но негираат вмешаност во неговото бегство од Македонија до Албанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа