ФОТО: Пратеникот Милошоски по четврти пат стана татко
Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ стана татко по четврти пат. Се роди неговата трета ќерка. Од првиот брак го има синот Давид, а од вториот брак има три ќерки. Првата ќерка Дариа се роди во август 2016 година.
„Колку прекрасна недела! Симона повторно е мајка на свет ја донесе нашата најмалечка принцеза
бато Давид и сестричките Дариа и Михаела си добија уште една дадичка , а Тато е најсреќниот татко на светот.
Благодариме дедо Боже за благословот, најдраги мои роднини и пријатели Ве прегрнувам сите., од денес сме порадосни и побогати со уште еден член во семејството Милошоски! Пожелувам секому!
Благодарност до Д-р Палчевски и неговиот тим од Аџибадем Систина“ – напиша Милошоски на својот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа