Британски војник спасил 100 лица во трговскиот центар во Најроби

Јунакот на заложничката криза во трговскиот центар во Најроби кој спаси повеќе од 100 животи е припадник на британските специјални единици САС.

Војникот, кој не бил на должност, пиел кафе во „Вестгејт мол“, кога во саботата го нападнаа исламски терористи од Ал Шабаб, кои држеа неколку стотина заложници, пишува  Дејли меил.

Со пиштол на појасот, снимен е како им помага на две жени и ги вади од комплексот. Потоа се враќал неколку пати во објектот и покрај интензивната престрелка.

- Тој е вистински херој. Пиеше кафе со пријателите кога почна нападот. Се враќаше 12 пати и спаси над 100 луѓе. Замислете постојано да се враќате, а знаете таму што се случува, изјави негов пријател од Најроби.

Идентитетот на припадникот на САС од безбедносни причини нема да биде откриен.

Припадникот на САС вклучен е во следењето на британски државјани поврзани со екстремистичките исламисти во Сомалија и Јемен. 

24.09.2013 - 11:51

најчитано сега