Маскирани насилници со метална шипка претепале малолетник од Скопје

Вчера попладне на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Скопје, група маскирани лица физички се пресметале со малолетник од Скопје.

Се работи за 16-годишниот Р.Н. од село Долно Количани кој бил претепан со метална шипка во пределот на главата и телото.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Полицијата превзема мерки за откривање на сторителите.

24.09.2013 - 11:46

најчитано сега