Google претстави портал со сите устави од целиот свет

Google во Њујорк го претстави својот нов портал на кои се ставени сите устави од целиот свет. Овој проект е со цел да им се помогне на земјите во политичка транзиција.

„Сакавме да ги собереме и да ги организираме онлајн уставите и да ги направиме достапни на универзален начин, за да им бидат од корист на владите кои ќе се најдат во уставна постапка", објасни Џеред Коен, извршен директор на „Google Ideas".

Иницијативата која поддржува американско-британска универзитетска програма наречена „Компаративен проект на устави", овозможува пристап до сите устави кои биле на сила во одредени земји до септември 2013 година. Опфаќа повеќе од 350 тематски документи за да се олесни споредувањето на некои прашања, на пример правата на малцинствата или финансирање на изборни кампањи.

 

Следната цел на порталот ќе биде да се рашират на шест јазици и тоа англиски, француски, шпански, руски, арапски и кинески.

24.09.2013 - 11:38

најчитано сега