Нови листи на терапии и специјален НеоПаф – респиратор на Гинеколошката клиника

Нови листи на терапии и посети на одделението за мајките, се само некои од новините воведени изминатиот месец на Одделението за неонатална интензивна нега и терапија на скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) каде како експерт е ангажирана д-р Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград.

Рсовац, на покана на министерот за здравство Венко Филипче, еден месец престојува на ГАК и помага да се намали смртноста кај новороденчињата. Во овој период, како што информира Министерството за здравство, направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа во интерес на малите пациенти.

На иницијатива на д-р Рсовац првпат е воведена и неинвазивна вентилација преку постоечките респиратори, како и специјален НеоПаф – респиратор во салите.

Во договор со директорите на Трансфузиологија и Радиологија, најден е начин како да се забрза изработката на анализите кои ќе бидат готови за само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените.

Според Министерството, во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега