Почина средношколецот кој беше прегазен во Штип - предмалку прегазена и жена

Прегазена е жена попладнево во центарот на Штип, на еден од пешачките премини на кружниот тек кај Стопанска банка. Веднаш е пренесена во Клиничката болница каде лекарите треба да утврдат со какви повреди се здобила.

Според портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, несреќата се случила во 15 часот и 50 минути, а жената на која се уште не и се знае идентитетот, ја прегазил 63 годишен возач на такси возило, кој управувал со „Фолксваген голф“, со штипски регистарски таблички.

Очевидците велат дека на овие премини не застануваат возачите и покрај тоа што е централно градско подрачје.

СВР-Штип повеќе детали за несреќата најавува во текот на утрешниот ден. 

Инаку, денеска почина средношколецот кој пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот “Гоце Делчев” во Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега