Бундестаг: Случајот Груевски „смрди до небо“

Случајот Груевски станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија, се реагира од Бундестагот на бегството на експремиерот. Се вели и дека Орбан го поставил личното пријателство над правосилна одлука, објави Дојче Веле.

Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти, бараат пратениците во Бундестагот.

Социјалдемократот Јосип Јуратовиќ, има многу поостра оценка за случувањата околу Груевски. Тој во изјавата за ДВ вели:

„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. 'Системот Груевски' се служи со демократски средства. И тоа е она што е навистина вознемирувачко во овој синџир на случувања - како демократски сомнителни сили злоупотребуваат демократски средства. Можам само да се надевам дека Унгарија во случајов постапувала еднакво како во случаите на сите останати баратели на азил. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија.“

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега