Војникот кој тврдеше дека принцезата Дајана е убиена побегна од Британија

Поранешен  британски војник кој тврдел дека принцезата Дајана ја убиле припадниците на специјалните единици САС, побегнал од Британија пред полицијата да го испраша, пишува британскиот  весник „Експрес“.

Поранешниот припадник на САС, познат само како „војник ен“ исчезнал пред неколку денови пред да биде испрашуван за истрагата за смртта на принцезата Дајана и Доди Фајед во 1997. година. 
Портпаролот на британската полиција рекол дека во тек е прегледот на неодамнешните информации за смртта на Дајана и Фајед, но дека истрагата сеуште не е готова.
Британскиот весник истакнува дека веста за поранешниот војник кој  напуштил земјата ќе предизвика проблеми во истрагата. Исто така пишуваат дека војникот на својата поранешна сопруга и рекол дека убијците од посебната единица се одговорни за смртта на принцезата Дајана.

- „Војник ен“ е од клучна важност за истрагата, бидејќи тој е лицето кое ги изнесе тврдењата. Притисокот врз него  беше голем откако во медиумите се појавила веста. Тој знаеше дека полицијата ќе сака да разговара со него. Никој не знае зошто заминал – рекол еден од полициските извори.

Поранешниот војник и рекол на својата сопруга дека несреќата во Париз е предизвикана откако тимот на  Хенри Пол од САС ја насочил силната светлина во возачот на Дајана. 

Возачот на принцезата загинал кога „мерцедесот“ со кој управувал удрил во еден од столбовите во тунелот во Париз во август во 1997. година.

24.09.2013 - 10:38