Продолжуваат штрајковите во Грција
Во Грција вработените во државниот сектор, образованието, општинската администрација и осигурителните компании продолжуваат со штрајковите против планираните масовни отпуштања од работа и прераспределби на државните службеници, кои се поставени како услов од меѓународните кредитори на земјата за добивање финансиска помош.
За денеска Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ) најави 48 - часовен штрајк на наставниците. Од 10 до 13 часот работата ќе ја прекинат и новинарите, а во протестот ќе се вклучат и даночните инспектори и пилотите. Во нов петдневен штрајк излегуваат и вработените на универзитетите.
Професорите од средните училишта, вработените во осигурителните компании и општинската администрација вчера зпочнаа со 48-часовен протест.
Протестите се последица на договорот меѓу Владата во Грција и меѓународните кредитори до крајот на овој месец да бидат прераспределени и отпуштени од работа 12.500 државни службеници, а до крајот на годинава вкупно 25.000. Во период од осум месеци тие ќе добиваат 75 отсто од платата, а доколку бидат префрлени на друго работно местп, ќе бидат отпуштени.
Претстојните намалувања на бројот на државните службеници е многу алармантна состојба во Грција, каде невработеноста веќе достигна рекордни 28 проценти