„Бебињата едно по едно ми умираа во раце“- трогателна приказна на една мајка
Трогателна приказна на една мајка која раскажува за смртта на своите осум деца.
Менди Алвуд оваа недела со солзи во очите и неизмерна болка во душата ја одбележува 17-годишнината од најубавиот, но и најтажниот момент во животот.
Таа и нејзиниот сопруг биле пресреќни кога дознале дека ќе станат родители, а среќата била уште поголема кога дознале дека очекуваат осум бебиња.
Менди била бремена во 6-ти месец добила болки и докторите морале да ја породат, па во септември 1996 година таа родила шест момчиња и две девојчиња.
Поради прераното породување бебињата биле многу мали и немале никакви шанси да преживеат.
-Секое од нив го држев во раце по два и пол часа, па потоа едно по едно ми умираа во раце. До денешен ден ја чувствувам болката која ја чувствував тогаш, ова е најлошото нешто што може да и се случи на една мајка, вели Менди