Циклонот Маријан беснее во Македонија: Метеоролозите со детална прогноза за наредните денови

До крајот на денов како и во текот на ноќта и понатаму ќе продолжат врнежите од дожд додека само на високите планини ќе има услови за врнежи од снег. До крајот на денов поинтензивни врнежи ќе има на запад каде има услови и за ретки грмежи, додека во текот на ноќта од југозапад поинтензивни врнежи ќе се поместуваат кон северните и источните предели, информира метеорологот Славчо Попоски.

Утре (среда) особено претпладне и тоа претежно на југоисток и на југ ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Попладне и навечер врнежите ќе се намалат и локално ќе престанат.

Потоа во следните денови ќе има услови за повремен локален дожд но со послаб интензитет.

Според најновите направени анализи нови поинтензивни врнежи ќе има од недела навечер.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот претежно од 7 до 14 степени, нешто потопло ќе биде утре (среда) со максимални дневни температури од 10 до 17 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2018 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега