ФОТО: На лажен профил на Иванов објавено дека Груевски умрел

Лажен профил со име и фотографија од претседателот Ѓорге Иванов на социјалната мрежа Твитер шири лажни вести, објави „Независен“.

Од Кабинетот на претседателот за „Независен весник“, потврдиле дека тој нема профил на оваа социјална мрежа.

– Станува збор за лажен профил, претседателот нема ништо со тоа. Случајот ќе биде пријавен до надлежните служби во Министерството за внатрешни работи – изјавиле за „Независен весник“ од Кабинетот на претседателот Иванов.

Профилот е отворен пред неколку дена, а на 13 ноември првиот твит кој е споделен е „Добредојде“, (Welcome!).  На профилот има и други соопштувања, како тоа дека претседателот и неговата сопруга се во посета на Јордан.

Денеска на овој лажен налог беше споделена лажна информација дека до Иванов стигнало известување дека Никола Груевски починал.

„Ургентно. Претседателството на Република Македонија ја прими веста за ненадејната смрт на поранешниот премиер Никола Груевски. Нема детали. Официјално соопштение да биде објавено наскоро,“ пишува лажниот профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2018 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега