Вучиќ: Одговорноста за бегството на Груевски, владата нека го бара во својата земја не кај нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во емисијата Кирилица на телевизија „Хепи“ изјави дека Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.

На 13.11, односно два дена подоцна по бегството на Груевски,  во 19:35 часот од страна на Интерпол Скопје доставува меѓународна потерница за именуваното лице. Значи, да го застанавме Никола Груевски, тоа би било киднапирање од наша страна. Тој на 14.11 по интерни претраги, меѓународната потерница е внесена во системот од страна Србија. Значи по 3 дена, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на телевизија „Хепи“.

Вучиќ дури при гостување луто запраша кого манипулираат? Бараат од Србија да притвораме лице кое за кое нема потрага ниту пак потерница, тоа го сакаа од Србија? Што сме ние, диво племе? Дива земја, да апсиме лица по кои нема ни потрага, дури ни меѓународна потерница. Наместо да се запрашате зошто е пуштен да замине од државата и зошто толку долго се чекало да се распише потерница. Ние се направивме во склоп на законот.

Вучиќ последен пат се слушнал со Груевски по немирите во Собрание кога го замолил да го повика македонскиот народ на мир и подоцна во врска за ЕПП и толку, иако во минатото повеќе контактирале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2018 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега