ФОТО: Се искршија автомобил и комбе на "Првомајска" - повредени три лица

Утринава се случила тешка сообраќајна незгода на раскрсницата од булеварот "Првомајска"  и улицата "Петар Дељан" во скопска Кисела Вода во која се повредени три лица.

Како што пренесува порталот Курир, несреќата се случила рано изутринава, во 6 часот и 30 минути кога се судриле автомобил марка „Опел Вектра“ и комбе, при што се повредени  двајцата возачи и сопатник од Опелот.

Повредените лица биле веднаш пренесени во болница. Засега нема информации за нивната состојба.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

24.09.2013 - 10:00
Фото: 
Курир

најчитано сега