Во светот работат 168 милиони деца

Според извештајот на Меѓународната организација на трудот, бројот на децата кои работат во глобални рамки е намален за една третина од 2000 година до сега.

Од 246 милиони на почетокот на минатата деценија, бројот на вработени деца сега се намали на 168 милиони, а најголем пад е забележан меѓу 2008 и 2012 година, се истакнува во извештајот. Скоро половината од вработените деца 85 милиони се занимаваат со активности што се опасни за здравјето, безбедноста и нивниот морален развој, се забележува во долументот.

Најголем број на деца работници, околу 78 милиони, има во Азиско-оацифичкиот регион, додека Потсахарска Африка со околу 59 милиони, е регионот со најголем процент на вработени деца  над 21 отсто.

На Блискиот Исток и Северна Африка има 9,2 милиони деца кои работат, а во Латинска Америка и Карибите 12 милиони.

Бројот на вработени девојчиња се намалил за 40 проценти, а на момчиња за 25 отсто.

 

Детскиот труд најмногу се искористува во земјоделството, услужниот сектор и индустријата.

24.09.2013 - 09:54

најчитано сега