„Ферфакс“ ќе го купи „БлекБери“

 

Синоќа канадската технолошка компанија „БлекБери“,соопшти дека постигнала договор со финансиски конзорциум, предводен од канадскиот инвестициски фонд „Ферфакс“, кој веќе има 10 отсто од нејзиниот капитал, да ја купи за 4,7 милијарди долари.

Во оваа спасувачка операција на некогашниот лидер на смартфоните, конзорциумот, кој станува сопственик на „БлекБери“, одлучи да ги повлече од берза акциите на канадската компанија.

Понудата, која треба да биде одобрена од сите акционери, предвидува акциите на „БлекБери“ да бидат купени за девет долари по акција, а зделката да заврши најдоцна до 4 ноември.

Вчерашната трговија со акциите на „БлекБери“ започна со цена од 8,27 долари за акција, што е многу под нејзината рекордна вредност од над 200 долари во 2007 година, односно пред американската компанија „Епл“ да го произведе „ајФонот“.

 

Oд „БлекБери“ неодамна соопштија дека разгледува стратешки алтернативи, вклучувајќи и продажба на компанијата, откако нивните два водечки телефона не постигнаа доволна популарност

24.09.2013 - 09:42

најчитано сега