Уште еден вооружен напад во трговскиот центар во Најроби

Од трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби, кој пред четири дена беше нападнат од сомалиски исламисти, утринава повторно се слушнаа експлозија и истраели, јавија западните медиуми.

Известувачите на западните медиуми од Најроби јавуваат дека утрово од трговскиот центар било изнесено тело, како и дека во зградата се гледаат палмени јазици и од неа се крева чад.

Според непотврдени информации, мала група сомалиски исламисит се уште држи „десет или повеќе заложници“ во центарот.

До вчера официјалната информација беше дека во нападот на исламистите загинале 62 лица.

Трговскиот центар беше нападнат во саботата од припадници на сомалиската исламиситчка група Ал Шабаб. Дел од луѓето кои се наоѓале во зградата успеаја да избегаат уште во првите часови од нападот, додека неколку десетици беа задржани како заложници. Бројот на заложниците досега не е точно утврден.

По нападот и заземањето на дел од центарот, исламисите изминативе денови ослободија поголем број од заложници, а некои од нив успеаја сами да побегнат.

Наспроти официјалните тврдења на властите, припадници на кениските сили за безбедност кои упаднаа во трговскиот центар, изјавија деја досега се уште не успеале да ја проверат целата зграда.

Кениските власти тврдат дека меѓу напаѓачите имало лица со различно потекло, вклучувајќи и американски и британски државјани

24.09.2013 - 09:20