Невремето во Мексико однесе 123 лица
Поплавите напарвија хаос низ Мексико. Бројот на жртвите во поплавите се зголеми на 123 лица -соопшти министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг
Тој изјави дека реоните што беа погодени од ураганите Ингрид и Мануел, биле евакуирани околу 59.000 луѓе, кои се згрижени во 39.000 времени живеалишта.
Властите прогласија вонредна состојба во 312 општини, кои се наоѓаат во 14 држави на Мексико.
24.09.2013 - 09:13