Соседите распалија по Дарко Лазиќ: Глуми шериф и мафијаш
Додека српскиот пејач Дарко Лазиќ уште се бори за живот по страшната сообраќајка во која едвај преживеа, неговите соседи немаат нималку добри зборови за него.
- Се промени откако стана победник на Гранд. Пред тоа беше фино и културно момче кое со татка си настапуваше по кафеани. Кога победи се смени се. Што да ви кажеме, овде глуми шериф и мафијаш, вози со 200 на час, остава траги со тркалата како да е на рели трка, велат соседите за него, пренесуваат српските медиуми.
Велат сите му се плашат на Дарко, но сепак им е жал за несреќата бидејќи е млад.
19.11.2018 - 17:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа