Украдени личните документи на Периќ: Вардар нуди награда за пронаоѓачот

 

Вардар и преку социјалните мрежи ги бара украдените лични документи на тренерот на голманите Дејан Периќ и понуди награда за тој што ќе ги пронајде.

На тренерот на голманите на РК Вардар, Дејан Периќ му се украдени личните документи и лаптопот. Од клубот и преку социјалните мрежи се обидуваат да го пронајдат крадецот.

„На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.

Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар.

Ако имате информација контактирајте не на: contact@rkvardar.com

За чесниот пронаоѓач СЛЕДУВА НАГРАДА“.

 

 

 

19.11.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега