Почнуваат „волчјите денови" - овие работи не смеете да ги правите

 

Според народните верувања, од 16 ноември, па сè до 24 ноември, временските прилики ќе укажат каква ќе биде претстојната зима.

Имено, ако деновите бидат магловити, зимата ќе биде променлива и маглива, а ако бидат ведри зимата ќе биде со доста мраз.

Овие денови се нарекуваат и Волчји денови.

Во ова време ништо не се дава од куќата, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмараат, а жените не работат рачни работи.

 

 

 

16.11.2018 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега