Бузлевски и кажа збогум на политиката

Поранешниот градоначлник на Ресен, Димитар Бузлевски и кажа збогум на политиката. Тој за весникот Вест вели дека по преминувањето на советниците од неговата иницијатива Обнова за Преспа во редовите на СДСМ, тој повеќе нема да се меша во политика.
„Одлуката на советниците од Обнова за Преспа да преминат во редовите на советничката група на СДСМ е лично нинва и јас нема влијание врз тоа. Тоа е нивни став, а јас веќе немам намера да се мешам во политика“ - вели Димитар Бузлевски кој на последните локални избори настапи како предводник на граѓанската инцијатива независно од СДСМ, партија во која долго членуваше.
Советниците од иницијативата на Бузлевски за повеќе медиуми изјавија дека се враќаат во партијата во која припаѓаат. Градоначлникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски кој што е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека преминувањето на советниците нема да го смени односот на силите во општинскиот Совет, бидејќи неговата партија и натаму ќе го има мнозинството, но како што рече, овие луѓе изманипулирале скоро 4.000 граѓани кои во нив ја гледале разликата од СДСМ.

23.09.2013 - 21:39

најчитано сега