Ја запросил на Божиќ, се венчале на Велигден: Љубовната приказна на Миле Јанакиески
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески деновиве е топ тема откако му беше определена мерка притвор.
Тој и неговата сопруга Сања биле повеќе од една деценија во врска пред да се заколнат на вечна љубов. Се венчале во духовниот храм „Св. Јован Бигорски“ за време на велигденските празнувања. Венчалниот фустан на Сања бил креација на популарниот дизајнер Ненад Секирарски. Дури и запросувањето било празнично, во романтичен зимски амбиент во Пампорово, соседна Бугарија, пренесе Женски магазин.
16.11.2018 - 20:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа