И министерот Тодоров ургирал за Брза помош за Дуле

Министерот Тодоров ургирал за Брза Помош за Дуле, пишува весникот Вест.  Сопругата на Дуле, за весникот раскажува дека во саботата на познатиот пејач му се слошило. Качил висока температура и морале да побараа Брза Помош

"Дуле не беше добар. Вирус, висока температура, треска. Се јавив во Брза помош и им реков: Една кола во Аеродром, мојот сопруг не е добар. И од 194 ме прашаа што му е, јас реков висока температура, не може да оди. Господинот од таму ми вели дека за таква работа кола не праќаат. Откако му реков дека не може да оди, ми одговори да се снајдеме, „Однеси го во Јане Сандански“. Немав избор, го фатив за рака, и ќерка ми беше со нас, ама Дуле исчекори два чекора и падна. Собрав некако сила, го вратив назад и му пишав на министерот Тодоров за случајот. Не го познавам лично, ама има слушано зборови од Дуле дека е многу добар човек. Го најдов бројот кај Дуле во телефон и му раскажав се. Не поминаа ни 5 минути, ми се јави директорката на Државна, ја известил Тодоров, и таа се погрижи за се“ - вели сопругата на Дуле за весникот Вест.

Весникот не успеал да добие потврда од министерот Тодоров дали навистина ургирал во случајот со Дуле. 

Блиски на пејачот потврдуваат дека Дуле починал поради проблели со срцето. Ги демантираат информациите дека пејачот боледувал од рак.

23.09.2013 - 21:05

најчитано сега