Јанакиески: „Ако имам сметка надвор од Македонија, потпишувам веднаш доживотна казна затвор“

 

Адвокатот на притворениот ексминистер за транспорт Миле Јанакиески ја оспори во негово име службената белешка од УБК, со која се тврди дека ќе бега и тој како Никола Груевски.

- „Ме замоли мојот клиент Миле Јанакиески, бидејќи не може да зборува, дека не се точни наводите во таа службена белешка на УБК оти испратил посредник кај претседателот Ѓорге Иванов за да преговара да му даде амнестија. Јанакиески и Иванов се долгогодишни куќни пријатели кои се посетуваат на разни семејни поводи години наназад. Според тоа, не му ни треба посредник за да се видат. На 13 ноември, завчера, Јанакиески лично отишол кај Иванов за да разговараат за документ кој е дистрибуиран кај лидероте на партиите и кај странските амбасади и тој не бил тајна. За каков документ се работи, немам податоци“, рече адвокатот Бранко Миланов, пренесе САКАМДАКАЖАМ.

Тој пренесе уште една порака од Јанакиески: „Ако имам сметка надвор од Македонија, потпишувам веднаш доживотна казна затвор“.

 

 

 

15.11.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега