Филип Рослер си поднесе оставка
Лидерот на Слободната демократска партија Филип Рослер си поднесе оставка од претседателската функција, јави ДПА.
Таа партија е помал партнер во десноцентристичката коалиција на канцеларот Ангела Меркел. Партијата доби само 4,8 отсто гласови и неуспеа да влезе во парламентот.
– Партијата доживеа тежок и огромен пораз на вчерашните избори, изјави Рослер.
Шефот на партијата во Северна Рајна Вестфалија Кристијан Линднер објави дека планира да се кандидира за лидер на партијата.
– Партијата има потреба од „нови насоки“ и треба да се врати довербата од гласачите, изјави Линднер.
23.09.2013 - 16:17