Се гради најголемиот брод за крстарење на светот

Француското бродоградилиште СТХ Франс, денес почна  во Сант Назер со изградбата на најголемиот брод за крстарења на светот, од класата на „Оазис“ за американскиот Ројал Карибиеан Крусес.

Изградбата почна со симболично пресекување на првата плоча метал што ќе биде вградена во коритото на бродот.

За бородот кој ќе биде долг 360 метри и широк 60 метри ќе бидат потрошени околу 60 000 тони челик, со рекордна вредност проценета на една милијарда евра.

 Во бродот ќе бидат вградени вкупно 400 000 делови од четални плочи. Бродот  ќе може да понесе 8000 патници и членови на екипажот.

23.09.2013 - 16:08

најчитано сега