Заработува за живот острејќи моливи со рака

 

Американецот Дејвид Рис има навистина необична работа, тој со рака остри обични графитни моливи. За оваа своја екслузивна услуга тој наплатува 35 долари, а има и многу муштерии.

Рис оваа идеја ја добил во 2010 година, кога работел на пописот и по цел ден пишувал со обичен молив.Досега тој има заработено 63.000 долари,а  напишал и книга “Како да острите молив“. Тој држи и курсеви, а има и колекција на алатки за острење.

“Целта е да ги потсетам луѓето колку моливите се кул и интересни, а на нив може и да се заработи“, изјавил Рис.

 

Но сепак, заради пристојна , но не претерано голема заработувачка од  30.000 долари, Рис е подготвен да ја смени професијата.

23.09.2013 - 16:00

најчитано сега