За Германците Меркел претставува „мајка“

Германскиот магазин „Шпигл“ оценува дека со последната победа на изборите во Германија, Ангела Меркел докажа дека е повеќе од политички лидер, и дека таа за Германците претставува „мајка“.

Според магазинот, кога пред 13 години Меркел дојде на чело на партијата, многу малку биле тие кои верувале дека таа долго ќе остане во политиката, а со победата, таа станала повеќе.

„Германија и припаѓа на Меркел на начин на кој долго време не постоел, дури од времето на обединувањето, кога канцелар беше Хелмут Кол“, пишува весникот.

Според изборните резултати, Меркел освои 42 отсто од гласовите, најдобар резултат од 1990 година, кога Кол освои 43,8 осто.

Весникот смета дека успехот на канцеларката доаѓа од европската и внатрешната политика, како и стратегијата да се користи нејзината личност на изборите, а не теми околу парламентарната демократија во земјата.

„Шпигл“ верува дека билбордите со слогани како „Меркел: Канцелар за Германија“ или „Заедно успешни“, се тие кои направиле Германците да веруваат дека Ангела постојано била покрај нив, и во најтешките периоди.

23.09.2013 - 15:43

најчитано сега