Египет го забрани Муслиманското Братство

Египетскиот суд го забрани Муслиманското братство и нареди конфискација на имотот, јавија денеска локални медиуми.

Египетската Влада на почетокот на месецов донесе одлука да биде укината асоцијацијата Муслиманско братство, регистрирана како невладина организација.

Новите египетски власти ја почнаа пресметката со Муслиманското братство веднаш по симнувањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси, на 3 јули годинава.

Актуелниот лидер Мохамед Бадија и десетици функционери на братството беа притворени под сомнение дека потикнувале улично насилство и убиства.  Годинава, Муслиманското братство одново беше регистрирана како невладина организација.

23.09.2013 - 15:04

најчитано сега