Се враќа летото - од среда топлотен бран над Македонија

 

Од среда, 25.09.2013 територијата на Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран. Се очекува сончево и топло време со значително повисоки дневни температури кои на некои места ќе се искачат над 30 степени. 

Во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и потопло. Ќе дува умерен севрен и северозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина до 2о км/ч. Утринските температури од 5°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 28°C, пишува сецијализираниот портал за временска прогноза, Weather4all.

Во среда сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 31°C.

 

Во четврток во Македонија ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 3°C до 13°C, а дневните температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C.

 

И во петок ќе продолжи сончевото  и топло време. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 31°C.

 

23.09.2013 - 14:53

најчитано сега