Германскиот канцелар ги започна контактите со социјалдемократите

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека е подготвена за преговори за коалиција и веќе имале контакти со претседателот на социјалдемократите.

„Преговорите со германската Социјалдемократска партија не исклучуваат контакти со други партии, нагласи Меркел. Ние конзервативците имаме јасен мандат за состав на влада, а на Германија и е потребна стабилна влада“, вели Меркел.

Покрај другото таа додаде дека нема да има промена во германката политика по однос на еврозоната за време на следниот мандат.

 

„Изборите во Германија се силен глас за единство на Европската унија кое треба да продолжи со процес на реформи“, наведе Меркел.

23.09.2013 - 14:47

најчитано сега