ФОТО: Принцот Чарлс го прославува 70. роденден
Британскиот прв престолонаследник, принцот Чарлс денеска го прославува 70. роденден, но не се очекува тој да се приклучи на какви било јавни прослави по тој повод, јави ДПА.
Неговата мајка, кралицата Елизабета Втора веќе му отстапи дел од своите должности. Првиот јавен настан на кој тој ќе се појави, е веќе в сабота, на свеченоста по повод 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.
Во врска со неговите јавно искажани политички ставови во минатото, тој вели дека тие биле „непартиски политички“ заложби.
– Доколку мора да ја наследам кралицата, ако некој мисли дека ќе продолжам да се однесувам така, тоа нема да се случи, оти се работи за две сосем поинакви ситуации, изјави принцот Чарлс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа