СЈО: Нема недоприливи - ако оцениме дека треба ќе бараме притвор и за Мијалков

Истражната постапка за случајот „Империја“ ќе се проширува и доколку Специјалното јавно обвинителство процени дека има какви било индиции ќе побара мерка притвор и за други лица, вклучувајќи го и Сашо Мијалков, оти, како што кажа обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова во изјава за медиуми, во Република Македонија нема недопирливи личности.

Во врска со илегалното заминување на Груевски во Унгарија, Стефанова вели Специјалното јавно обвинителство немало никаква вина што Груевски побегнал од Република Македонија. 

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО  поради немање услови за негово одржување, е одложено за 23 ноември.

На денешното рочиште не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои од утринава се во притвор во затворот во Шутка.

Тие заедно со пратеникот Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, и уште неколкумна други лица се обвинети во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности.

 
 

 

 

14.11.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега