Координација за статусот на Груевски во Собрание

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 10 часот закажа координација со потпретседателите на Собранието и со координаторите на пратеничките групи на која ќе се разговара за пратеничкиот статус на Никола Груевски, откако тој илегално замина во Унгарија и по него е распишана меѓународна потерница.

Како што изјави Џафери, нелогично пратеникот да биде оправдано отсутен во ваква ситуација, но бидејќи законските прописи не предвиделе ваква ситуација, мора да се заземе став.

Доколку пратеник шест месеци е регистриран за неоправдано отсутен, Собранието може да му го одземе мандатот.

 

 

 

14.11.2018 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега