ФОТО: Принцезата Евгенија „меша со задникот“ - фотографија која ја шокираше цела Британија

Принцезата Евгенија од британското кралско семејство ги изненади сите британци откако, се фотографирала како „меша со задникот“ пред препарирана мечка.

Таа сакала само да покаже дека знае да меша како Мајли Сајрус,  но кога сте принцеза секоја шега има последици.

Сликата на која е 23-годишната Евгенија во кусо бордо фустанче и со црни чорапи е објавена во март, а се претпоставува дека е направена кон крајот на февруари годнава во бар или ресторан во монденскиот алпски ски центар Вербиер, каде Евгенија и нејзината сестра Беатрис биле на одмор заедно со родителите, војводата и војвотката од Јорк.

 

На социјалната мрежа, сликата ја поставил нејзиниот пријател Хари Вентворт-Стенли, кој исто така е во кадарот.

23.09.2013 - 14:37

најчитано сега