Колин Фарел доби улога во филмот „World of Warcraft“

Колин Фарел ќе игра во филмската адаптација на играта "World of Warcraft".  Режисер на филмот кој ќе се вика само "Warcraft" ќе биде Данкан Џонс, познат по филмот "Moon", а снимањето ќе започне во јануари 2014 година.

Сценаристот Чарлс Левит го напишал сценариото чиј заплет се држи во тајност, па така не е познато како ќе се одвива борбата меѓу доброто и злото, чии актери се војници на Хордите и Алијансата.

Играта "World of Warcraft" е на  компанијата "Blizzard", и е  најпопуларна MMORPG франшиза на светот.

23.09.2013 - 14:19

најчитано сега