Започна изградбата на „кинескиот Холивуд“
Кинескиот милијардер Ванг Џијанлин денеска источнокинескиот град Чингдао започна многу интересен проект. Станува збор за „ кинески Холивуд“, а на почетокот на работите присуствуаа бројни филмски ѕвезди.
Ова ќе биде модерен комплекс од 376 хектари, во кој ќе бидат инвестирани 8,3 милијарди долари, а ќе започне со работа во 2016 година.
„Прокетот е дел од националната политика која има за цел од Кина да направи културна сила“, изјавил Ванг.
Филмскиот комплекс е наречен „Ориентална метропола на филмот“ и се наоѓа во предградието на пристанишниот град Чингдао. Ќе има 20 студија, меѓу кои и „најголемото студио на светот“, со површина од 10.000 метри квадратни. Филмската метропола ќе произведува „најмалку стотина филмови годишно“, како и триестина странски филмови, тврдат инветситорите.
На гала свеченоста присуствувале многу кинески филмски ѕвезди, меѓу кои Џанг Зији , но и странски актери како Никол Кидман, Леонардо Ди Каприо, Џон Траволта, Кетрин Зета Џонс…