ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандалозен тендер на Заев во Струмица

Скандалите на Зоран Заев со јавните набавки во Струмица продолжуваат. Тие се поголеми од очекувањата на било кого.

Зоран Заев се опуштил и мислел дека Општина Струмица е негов приватен посед, а парите на граѓаните дека се пари со кој тој може да стопанисува без почитување на никакви морални стандарди.

Денес ќе презентираме документи за нова јавна набавка, директно од Општина Струмица, која ја добила фирма блиска до Зоран Заев и неговото семејство.

Имено, огромна јавна набавка била склучена со фирмата Јавор-Шпед тогаш во сопственост на Горан Крстев, а сега во сопственост на неговиот татко Симеон Крстев.

За што се работи.

Фирмата Јавор-Шпед ДООЕЛ на ден 10.10.2008 година склучува договор за јавна набавка со Општина Струмица во вкупна вредност од 18.234.587 денари во периодот кога Горан Крстев е сопственик на оваа фирма.

Горан Крстев, покрај тоа што во Струмица е познат како личен пријател на Зоран Заев, е и бизнис партнер и ортак на братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата “Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“, за што на една од претходните прес конференции и ве информиравме. Тие се капитално поврзани со семејството Заеви. Имаат заеднички фирми.

Фирмата која ја добила оваа набавка се вика Јавор-Шпед, а заедничката фирма со Вице Заев се вика Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“.

Оваа јавна набавка не е дадена на фирма на братот на Зоран Заев, но е дадена на фирма на неговиот ортак. Провидно и наивно. Сега сите ние треба да веруваме дека се е чисто.

Нивните бизнис и приватни релации датираат од многу одамна. Како што пренесуваа медиумите, Горан Крстев е еден од луѓето чија што фирма го градеше трговскиот центар Глобал. Стар партнер на Зоран Заев.

Овој случај на јавна набавка со фирмата Јавор Шпед покажува дека покрај најблиската фамилија во системот на Зоран Заев се вклучени и нивните партнери и ортаци. На овој начин Зоран Заев го изигрува Законот за јавна набавка, но неможе да ја изигра неговата лична, морална и политичка одговорност.

Најмалку што може пак Зоран Заев овој пат е да да ја изигра јавноста, на која веќе и е кристално јасно дека тој има испланиран систем за испумпување на  пари на граѓаните од страна на фирмите од Кланот Заеви. 

Ова е начинот на кој што Зоран Заев себе си се прогласува за успешен бизнисмен. Вака, со непочитување и изигрување на законите секој граѓанин на Македонија може да создаде бизнис империја како што денес е Кланот Заеви. Но до сега немало ваков случај. Зоран Заев ги надминал сите.

Интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ.

         

 

 

23.09.2013 - 14:10

најчитано сега