Стопанската комора позитивно го оцени Предлог-буџетот за 2014 година

 

Стопанската комора на Македонија позитивно ги оцени проектираните средства за капитални инвестиции зголемени за 20 проценти во Предлог-буџетот за 2014 година.

- Тргнувајќи од фактот што за бизнис-заедницата, буџетот е инструмент за поттикнување на економските активности, најавените 365 милиони евра за капитални инвестиции на расходната страна во Предлог-буџетот за 2014 година, со пораст од 20 проценти во однос на оние од 2013 година, изнудува позитивна оценка, бидејќи продолжува политиката на зголемување на капиталните инвестиции, која е посебно значајна во услови на најавен благ пораст на странската побарувачка во 2014 година, оценуваат од Комората.

Во однос на извозот, Комората поконкретни согледувања ќе направи по достапноста на текстот на Предлог-буџетот за идната година.

Инаку, предлог-буџетот за 2014 година е проектиран на 176 милијарди денари. Приходите се планирани на 158.200 милиони денари, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти. БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата околу 3,3 проценти. 

23.09.2013 - 13:19
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега