Путин го обвини Западот дека се обидува да го искористи договорот за сириското хемиско оружје

Претседателот на Русија Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да го искористи договорот за сириското хемиско оружје, за да истурка резолуција во ОН која ќе содржи закани со санкции или со употреба на сила против претседателот Башар ал Асад.

- (Западот) во руско-американскиот договор не гледа шанса за да се спаси Планетата од значителното количество хемиско оружје во Сирија, туку можност да го направи она што Русија и Кина не го дозволуваат - да се усвои резолуција во која ќе има закани со сила против властите во Дамаск, како и заштита на сириската опозиција, рече претседателот Путин.

Сирија го исполни првиот предуслов што Западот го постави пред неа и во предвидениот рок, на ОН им ги предаде информациите за своето хемиско оружје. Но, западните земји, а пред се, САД, Франција и Велика Британија, инсистираат на исвојување резолуција во Советот за безбедност што ќе се повикува на седмиот член од Повелбата на ОН, што би овозможувала воведување на санкции или воена интервенција, доколку Дамаск не ги исполни своите обврски.

Од почнувањето на конфликтот во 2011 година, Русија и Кина блокираа три резолуции на Западот, не прифакајќи во нив да се содржи правото за воена интервенција во Сирија.

23.09.2013 - 13:00

најчитано сега