Министерот Попоски на 68. Генерално собрание на ОН во Њујорк
Делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот на Владата, Никола Груевски, во чиј состав се наоѓа и министерот за надворешни работи Никола Попоски, од денеска до 28 септември ќе учествува на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, САД.
Министерот Попоски за време на престојот во Њујорк, ќе учествува на низа состаноци на министерско ниво. Предвидено е тој да учествува на состаноците на високо ниво за Хендикеп и развој, за нуклеарно разоружување и на специјалниот настан за Милениумските развојни цели во организација на генералниот секретар на ОН, а исто така ќе оствари иголем број билатерални средби.
Дополнително ќе учества на неформалниот министерски состанок на членките на Франкофонијата, неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ, на состанокот на министрите за надворешни работи на Американско-јадранската повелба, Американско-балтичката повелба и Западен Балкан Г6+2, на настанот на високо ниво на тема “Виена+20“ за одбележување на 20-та годишнина од Светската конференција за човекови права, како и на настанот “Договор за трговија со оружје: кон стапување на сила“, а на специјалниот настан за потпишување мултилатерални договори ќе го потпише Договорот за трговија со оружје–АТТ.