Кралицата Елизабета пиеше македонско вино

 

Амбасадорката на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска, денеска беше на аудиенција кај Кралицата Елизабета. Миовска на Кралицата и ги предаде акредитативните писма како нов амбасадор на Република Македонија.

 Од амбасадорката на подарок доби ексклузивно, висококвалитетно вино од македонската винарија „Тиквеш“.

На приемот кај кралицата, на кој имало членови на кралското семејство и политичари, се служеле само македонски вина.

Инаку, Александра Миовска е назначена за амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во август годинава.

 

 

 

10.11.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега