Кумановчани без причина претепале малолетник во училишен двор

Вчера во полициската станица во Куманово било пријавено дека тројца насилници без никаков повод и причина нападнале кумановчанец.

Инцидентот се случил околу  19 часот пред основното училиште „Наум Фрашери“ кога три непознати лица без повод и причина физички го нападнале 15-годишниот Н.С. удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

23.09.2013 - 12:46
Фото: 
Инпрес