Мишел Обама откри семејна тајна: После 20 години молчење поранешната прва дама ја отвори душата

 

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама откри дека пред 20 години имала спонтан абротус и дека таа и поранешниот претседател Барак Обама ги зачнале своите две ќерки со вештачко оплодување.

Мишел Обама опишала дека се бореле со неплодност во своите мемоари „Бикаминг“ кои наскоро излегуваат. Дел од книгата е посветен на врската и бракот со Барак и нејзиниот тежок пат до мајчинството.

„Се покажа дека иако станува збор за двајца млади кои сакаат да станат родители, гаат длабока љубов, не можат да зачнат дете“, напишала Мишел во книгата. Кога конечно останала бремена, после неколку недели имала спонтан абортус.

„Чувствував дека сум изгубена и осамена и имат чувство дека тоа е моја вина, бидејќи не знаев колку абортусите се чести, бидејќи за нив не разговараме“, рекла поранешната прва дама во интервју за АБЦ.

 

 

 

09.11.2018 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега