Старица од Струмица пријавена за исчезната пронајдена мртва во канал

Во текот на вчерашниот ден во струмичкото село Владевци било пронајдено безживотно тело на 78-годишна старица. Полуголото тело на несреќната жена на кое имало траги од насилство било пронајдено во канал покрај пат, во атарот на селото.

Жената била пронајдена од страна на нејзиниот зет кој веднаш телото го однел во болница. Полициски екипи и јавен обвинител вчера извршија увид на местото на настанот.

Инаку, се работи за жена која минатиот петок беше пријавена во полиција за исчезната.

Полицијата истражува во какви околности настанала смртта.

23.09.2013 - 12:21

најчитано сега